ВИДЕО: Солскјер го „прослави“ новиот договор со брутален пораз од КПР

Екипата на Манчестер Јунајтед убедливо загуби од Квинс Парк Ренџерс (2-4) во пријателски натпревар кој беше прв по продолжувањето на договорот на актуелниот стратег на „ѓаволите“ Оле Гунар Солскјер.

Поразот на Јунајтед од овој ривал е прв уште од 1992 година, а иако премиерлигашот играше во комбиниран состав, не може да бара алиби за изданието, затоа што овој клуб важи за еден од најдобрите кога се говори за младинската школа.

Фаворитот на хартија прв поведе на натпреварот благодарение на повратникот Џеси Лингард кој стрела во 3. минута од натпреварот, а откако Остин во 7. минута изедначи на 1-1, тоа беше резултатот на паузата. Во вториот дел, КПР даде дури три гола во шест минути и го најави неуспехот на Манчестер Јунајтед. Во периодот од 53. до 59. минута, погодија двапати Дјукс и еднаш Одубајо, а Еланга само го намали поразот.

Следниот пријателски натпревар на Манчестер Јунајтед е за четири дена, против Брентфорд.