Солсјкер: Мојот Јунајтед не се предава, ќе ѝ дадеме голови на Барса на „Камп Ноу“!

Екипата на Барселона со голема победа од 0-1 ги затвори првите 90 минути од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед

Каталонците ги отворија „ѓаволите“ уште во 12. минута и искусно го чуваа водството, а менаџерот на Јунајтед, Оле Гунер Солскјер по мечот изјави дека неговиот тим никогаш не се предава и ќе постигнe голови на „Камп Ноу“. 

„Навистина многу е тешко да играш против Барса. Треба многу да си концентриран кога се браниш, а потоа си уморен кога напаѓаш. Сепак, мојот Јунајтед никогаш не се предава и сигурен сум ќе постигнеме најмалку еден гол на „Камп Ноу“. Она што ме загрижува е лошата реализација на напаѓачите кои цели 90 минути не успеаја да упатат ниту еден директен удар кон противничкиот гол. Но, тоа да го оставиme зад себе и да направиме анализа што треба да поправиме на следниот меч“, рече Оле. 

Реванш средбата меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед на програмата е на 16 април од 21:00 часот.