ВИДЕО: Солиден меч за Пандев, Џенова грабна голем бод од гостувањето кај СПАЛ! 

Екипата на Џенова грабна голем бод во борбата за опстанок во италијанскиот шампионат, откако на денешното гостување кај СПАЛ се спаси од пораз и одигра реми од 1-1. 

Со овој бод, Џенова се зацврсти на 16-тата позиција на табелата со 35 бода, шест повеќе од Емполи, кој е 18-ти. До крајот на Серија А преостануваат уште четири кола, а следен противник на тимот предводен од Прандели ќе биде гигантот Рома. 

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев повторно беше стартер и одигра солидни 68 минута, а беше дел и од мешаницата при погодокот за израмнување на својата екипа, откако Лападула ефектно ја „стресе“ домашната мрежа и ги постави конечните 1-1. Голот за водство на СПАЛ го постигна Фелипе уште во 36. минута. 

  • Извештај од натпреварот: 

Од денешната програма во рамките на 34. коло на Серија А се одигра и мечот меѓу Киево и Парма, кој исто така заврши без победник, 1-1.