Солидарен потег на Динамо: Им скрати на Адеми и соиграчите, за да им даде на оние кои повеќе им треба

Иако во текот на вчерашниот дел се шпекулираше дека Динамо Загреб се решил за ригорозен чекор и кратење на платите на сите вработени, сепак, одлуката на челните лица на „модрите“ била солидарна.

Односно, по рецептот на Борусија Дортмунд, ќе им ја намали платата на своите фудбалски ѕвезди, но тие средства ќе ги пренасочи кон останатиот персонал на клубот.

Хрватскиот шампион како и секој спортски колектив во овој момент трпи големи финансиски загуби, заради пандемијата со коронавирусот и стопирањето на сите шампионати, но во знак на солидарност не сака тоа да се одрази и на персоналот кој заработува далеку помала сума од фудбалерите. 

Како што пишуваат тамошните медиуми, фудбалерите во следниот период ќе добиваат само третина од својата плата, додека со останатите две третини ќе се пополнат останатите дупки, со цел никој од клубот да не биде отпуштен.

Одлуката за кратење на платите на Адеми и соиграчите ќе важи сè додека тимот не го одигра првиот официјален натпревар. Засега никој точно не може да предвиди што точно ќе се случи во иднина, односно се зависи од во која насока ќе се движи ширењето на незгодниот вирус.