Солари им се нуди на премиерлигашите: Сакам да работам во таа лига

Сантијаго Солари, поранешниот тренер на Реал Мадрид, јавно открива дека негова голема желба е да застана не чело на некој клуб од Премиер лигата. 

Аргентинскиот стратег имаше неуспешна епизода во редовите на „кралевите“, а пред извесен период беше гостин на мечот меѓу Челзи и Кристал Палас, па британските медиуми веднаш започнаа со шпекулации за негов евентуален ангажман на Островот. 

„Би сакал да работам во Премиер лигата. Често ги гледам натпреварите од таа лига, која моментално се наоѓа на самиот врв и го има најдобриот период во својата историја. Таму играат големи играчи, и некои од најдобрите менаџери во светот“, вели младиот стратег. 

Солари на чело на Реал Мадрид беше од октомври 2018 до март 2019 година, кога во клубот се врати Зинедин Зидан. Претходно, беше предводник на Б тимот на Реал Мадрид, како и на неколку младински категории.