Сојдас: Фудбалерите полека ја разбираат мојата филозофија, против Вардар одиме на победа!

Репрезентативната пауза беше добредојдена за амбициозниот Шкупи, кој по првите четири кола од ПМФЛ мораше да го менува својот предводник. 

Искусниот Зекирија Рамадани, поради лошите игри и резултати на старот од сезоната си поднесе оставка, а за негов наследник беше претставен турскиот стратег Хајат Сојдас, кој во овој „празен“ период имаше можност подобро да се запознае со фудбалерите и да ја одреди вистинската тактика за претстојното дерби со Вардар. 

„Паузата беше и тоа како добредојдена. Во овој период успеав подобро да се запознаам со тимот. Пред сè работевме на физички план, а одигравме и пријателски натпревар на кој фудбалерите ги имаа задачи да ги имплементираат моите совети. Сите знаеме дека нè чека тежок дуел со Вардар. Противникот ќе сака да дојде до победа, но и ние веќе немаме право на грешки. Потребна ни е една убава победа за враќање на моралот. Мислам дека, иако имавме кратко време, направивме добра и позитивна атмосфера во тимот. Фудбалерите полека ја разбираат мојата филозофија и тоа треба да биде причина за добар резултат в недела“, вели Сојдас. 

Дербито на петтото коло на ПМФЛ нема да се игра на Националната арена „Филип Втори“, откако Вардар за домашен стадион го пријави „Борис Трајковски“ во Маџари. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 14 9 4 1 32:13 19 31
2 ВардарВардар 14 8 4 2 18:9 9 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 14 7 1 6 16:12 4 22
4 РеноваРенова 2 14 5 4 5 16:16 0 19
5 ПобедаПобеда 1 14 5 2 7 13:15 -2 17
6 РаботничкиРаботнички 1 14 5 2 7 18:24 -6 17
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 14 4 4 6 16:18 -2 16
8 ШкупиШкупи 1 14 4 3 7 10:16 -6 15
9 СилексСилекс 1 14 3 5 6 10:16 -6 14
10 БеласицаБеласица 3 14 3 5 6 11:21 -10 14