Соиграчите се држеа за глава: Садик од 30 метри ја потопи Севиља (ВИДЕО)

Екипата на Реал Сосиедад во дербито на 14. коло славеше над Севиља (2-1) и така скокна на петтото место на табелата во шпанска Примера.

  • Реал Сосиедад - Севиља 2-1:

Натпреварот во Сан Себастијан понуди многу возбудувања и еден атрактивен гол кој беше во режија на домашните. По автоголот на голманот Дмитровиќ уште во третата минута по еден прекин, следеше вистинско ремек-дело на Умар Садик.

Поранешниот играч на Партизан во 22. минута си ја намести топката на тринесетина метри и испрати вистински проектил во мрежата на гостите од Андалузија. Во вториот дел, најдобриот играч на Севиља, Јусуф Ен Незири ги постави конечните 2-1. Севиља го заврши натпреварот со двајца играчи помалку затоа што директни црвени картони добија Серхио Рамос, поради груб прекршок, и Хесус Навас поради неспортско однесување.

За Реал Сосиедад ова беше седма победа сезонава по четиринаесет одиграни кола, додека Севиља е петнаесетта и го прекина трендот на нерешени кои ги имаше пет во низа во домашното првенство.

Претходно, Виљареал со 3-1 беше подобар од Осасуна на дебито на новиот тренер Марселињо. Симултанка за „жолтата подморница“ имаше Хозе Луис Моралес, кој постигна хет-трик во мрежата на гостинот. 

Состави

Imanol Alguacil

4-4-2

    Francisco Javier Garcia Pimienta

    4-3-3