• Саше Љолес

Фудбалерите на Струга Трим Лум ја завршија авантурата во Купот на Македонија, каде беа поразени од Шкендија во пенал-рулетот 2-2 (5-4), но во текот на мечот имаа и неколку прекрасни потези кои ги одушевија гледачите на трибините и пред ТВ-екраните.
Веројатно убедливо најубавиот момент на натпреварот се случи во 82. минута, кога Меметриза Хамза постигна спектакуларен погодок од слободен удар, и тоа со помош на стативата, оставајќи го голманот Гаје потполно немоќен.
И покрај овој прекрасен гол на Хамза, Струга не успеа до крај да ја сочува предноста, дозволувајќи им на тетовчани повторно да се вратат во мечот и да победат во пенал-серијата.




