• Зоран Мишевски

Последниот натпревар од петтото коло на Премиер лигата меѓу Астон Вила и Вест Хем Јунајтед целосно ги разочара љубителите на фудбалот на Островот. Натпреварот заврши без голови, а најгопемото возбудување и моментот по кој ќе се памети натпреварот, се случи во последните мигови од првиот дел.
Имено, како некогаш Бојер и Смир во Лидс Јунајтед, двајца соиграчи се караа среде натпревар, а малку недостигаше и физички да се пресметаат. Фудбалерите на Астон Вила, Тајрон Мингс и Анвар Ел Гази најнапред вербално, а потоа и со туркање го привлекоа вниманието.
- Инцидентот меѓу соиграчите во тимот на Астон Вила:
Шансите беа вистинска реткост во натпреварот, па 0-0 беше неминовно најреален резултат.
- Извештај од натпреварот:
Вест Хем е при самиот врв со осум бода, а новајлијата од Бирминген при дното со само четири освоени бода.