Соиграч на Пандев од Џенова позитивен на вирусот ковид-19

Предводникот на Горан Пандев во Џенова, Роландо Маран на прес-конференцијата пред натпреварот со Наполи потврди дека во редовите на клубот има позитивен играч на коронавирусот. 

Чуварот на мрежата, Матија Перин ќе го пропушти дуелот со екипата каде настапува Ељиф Елмас, бидејќи веќе е во самоизолација по позитивен тест за ковид-19. Според Маран, голманот имал минимални симптоми на настинка и грип. 

Засега меѓу Горан Пандев и соиграчите нема други заразени, а местото на Перин за средбата со Наполи ќе го заземе ветеранот Федерико Маркети.