Соиграч на Димитриевски обвинет за сексуална злоупотреба на две жени

На повидок е голем скандал во шпанскиот спорт. Напаѓачот на Валенсија и соиграч на нашиот Столе Димитриевски, напаѓачот Рафа Мир е осомничен за сексуална злоупотреба.

Радиото Кадена СЕР јави дека Рафа Мир бил приведен од шпанските власти во понеделникот вечерта.

Фудбалерот кој е позајмен од Севиља во Валенсија не се појавил на денешниот тренинг. 27-годишниот напаѓач е осомничен за сексуален напад на две жени во својот дом. Уште едно лице за кое се верува дека е вмешано во злосторството, исто така е приведено во полиција.

Наводните жртви го пријавиле делото и побарале лекарска помош.