Соиграч на Чурлинов играл во Штутгарт со лажен идентитет и возраст

Силас Вамангитука, фудбалер на Штутгарт и соиграч на нашиот Дарко Чурлинов бил измамен од својот менаџер кога е во прашање идентитетот и возраста. Штутгарт ја информира јавноста дека Силас Вамангитука всушност е Силас Катомпа Мвумпа и дека е роден на шести октомври во Киншаса, ДР Конго.

Фудбалерот е една година повозрасен од она што претходно му било претставено на клубот.

Лажниот идентитет го измислил поранешниот негов менаџер. Штутгарт за целиот случај ја известил Фудбалската федерација на Германија и менаџментот на Бундеслигата. Силас ќе добие нова лиценца и од наредната сезона ќе започне да игра под својот вистински идентитет.

Фудбалерот во Штутгарт е од 2019 година, кога пристигна од Франција.