Соиграч на Алиоски суспендиран, уплатил 59 тикети и се обложувал на својот тим

Соиграч на Езџан Алиоски од Лидс Јунајтед доби суспензија од фудбалот од страна на Анлгиската фудбалска федерација затоа што се обложувал.

Се работи за младиот Џордан Стивенс, кој нема да може да се бави со фудбал во наредните шест недели. Играчот за врска кој има 19 години имал 59 уплати во обложувалница, а меѓу нив имало и облози на својот тим.

Стивенс во редовите на Лидс Јунајтед пристигна во 2018 година од Форест Грин, но нема важна улога во тимот, затоа што досега одигра само еден натпревар.