ВИДЕО: Соиграч го бакна Алиоски, па ќе си добиеше – ќотек!

Екипата на Лидс Јунајтед игра против Шефилд Венсдеј во рамки на Чемпионшип лигата, а македонскиот репрезенативец Езџан Алиоски за момент се најде во фокусот на вниманието на англиската јавност.

Овој пат не поради гол, туку поради неговата одлука да му удри бокс на соиграч. Понтус Јансон на паузата му честита на Алиоски за добрата игра во првиот дел, а потоа реши да го бакне. Но, нашиот репрезентативец реагираше бурно и очигледно не му се допадна тоа.

Англиските медиуми се пошегуваа на сметка на репрезентативецот на Македонија и потенцираат - „Никогаш не го бакнувај Алиоски“.