• Горан Упале
Илјадници бугарски навивачи денеска протестираа на улиците на Софија поради начинот на управување на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а протестот прерасна во насилство.
Квалификацискиот натпревар меѓу Бугарија и Унгарија за Европското првенство следната година стана „жртва“ на спорот меѓу Фудбалскиот сојуз и навивачите.
Навивачите на неколку минути пред почетокот на натпреварот почнаа да фрлаат пиротехнички средства, камења и пластични шишиња кон полицијата. Откако беа запалени корпи за отпадоци, полицијата одговорила со водени топови.
„Последната сламка“ да ги доналути навивачите кои долго време се незадоволни, беше одлуката вечерашниот натпревар да се игра пред празни трибини на стадионот во Софија опкружен со 1.600 полицајци во опрема за бунт.
It’s going to be a very long night in Sofia… https://t.co/2FvvGWGKFm pic.twitter.com/8v8lAL8uXz
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) November 16, 2023
Речиси две децении бугарската репрезентација е без настап на голем турнир. Навивачите повикаа на протести низ целата земја по последните два понижувачки порази од Албанија и Литванија во октомври.
Навивачите во 18. минута од секој првенствен натпревар во изминатите недели извикуваа „Оставка!“ на претседателот Борислав Михајлов и неговите помошници кои 18 години се на чело на ФС.
Mad scenes in Sofia outside the National Stadium where Bulgaria plays Hungary behind closed doors: clashes between fans and police forces, water bombs and cars set on fire… pic.twitter.com/KcIU1Foskd
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) November 16, 2023
Плашејќи се од нереди, Михаилов минатата недела побара од Европската фудбалска унија (УЕФА) натпреварот против Унгарија да се игра пред празни трибини. Навивачите одговорија дека е нечуено бидејќи нема случај во историјата на фудбалот некоја асоцијација да побара да се игра домашен натпревар без навивачи.
Таа одлука предизвика гнев не само кај бугарските навивачи. Државната новинска агенција „БТА“ објави дека многу Унгарци кои имале билети одлучиле да отпатуваат за Бугарија, без разлика дали ќе им биде дозволено да влезат на стадионот. Бидејќи веќе го планирале своето патување, имале намера да се приклучат на протестот на бугарските навивачи, јави „БТА“.