ВИДЕО: Собослаи даде два ефектни гола, РБ Лајпциг го совлада Штутгарт

Фудбалерите на РБ Лајпциг се радуваа на натпреварот од 18. коло во Бундеслигата против Штутгарт со 2-1 (1-0). „Биковите“ на својата „Ред Бул Арена“ со двата погодоци на Доминик Собослаи дојдоа до важни три бода во битката за водечките позиции. 

Иако гостите први се заканија преку Кастанарас, резултатот го отвори домашната екипа. Течеше 25. минута кога Собослаи биеше директно од слободен удар и стрела за 1-0 на РБ Лајпциг. Ударот на Унгарецот беше од преку 30 метри, преку живиот ѕид и топката се одби пред да го измами голманот. 

Во продолжението стативата на Штутгарт ја стресе Андре Силва, додека на спротивната страна се закани Николас Нарти. Вториот погодок падна пет минути по стартот на второто полувреме, откако одново Доминик Собослаи изведе мајсторија. Офанзивецот доби топка на шеснаесетникот и со ефектен удар во спротивниот долен агол удвои на 2-0

  • Извештај од натпреварот: 

Штутгарт успеа да намали и да се врати во игра, откако Крис Фурич реализира од белата точка по играта со рака на Гвардиол. Сепак, до крајот гостинот немаше сили за целосен кам-бек и бодовите останаа во Лајпциг.

Состави

Марко Розе

4-4-2

    Бруно Лабадија

    4-3-3