ВИДЕО: Со супер-волеј ја „исчисти пајажината“ од голот

Фудбалерите на Сент Гален ја победија екипата на Грасхоперс со 1-2 во четвртфиналето на Купот во Швајцарија. 

На оваа средба, првиот од трите погодоци беше вистинско ремек-дело. Играчот за врска Лукас Гортлер доби топка на шеснаесетникот од Гилеменот, а таму со неверојатен волеј ја смести топката во мрежата на домаќинот. 

  • Ефектниот волеј на Гортлер против Грасхоперс: 

Овој погодок беше еден од најдобрите волеи кои сезонава се видени, а за славјето на Гортлер да биде подобро Сент Гален ќе игра во полуфиналето на Купот.