„Со Шчесни на голот е речиси невозможно Јувентус да ја освои ЛШ“

Италијанскиот шампион Јувентус синоќа загуби добиен натпревар пред својата публика. Кристијано Роналдо со својот деби гол во Лигата на шампиони како „дама“ го отвори Јунајтед, кој пак не се предаде и со два погодоци во самиот финиш запиша голема победа на ова тешко гостување. 

Ако за првиот гол домашниот голман Војчех Шчесни не можеше ништо да стори, бидејќи Мата биеше неодбранливо, за вториот може да се каже дека е главниот виновник и мораше далеку подобро да реагира во таа мешаница. Ова мислење го дели и некогашната ѕвезда на Јунајтед, Овен Харгрејвс, кој смета дека некој тим кој има амбиции за титулата на Лигата на шампионите, мора да има поквалитетен голман од полскиот репрезентативец. 

„Јувентус има голем проблем со голманската позиција. Шчесни мораше подобро да реагира во таа мешаница. Неговите квалитети ми се познати уште кога бранеше за Арсенал. Тој таму се мачеше. Колку тимови ја освоиле Лигата на шампионите без врвен голман меѓу стативите? Овој Јувентус е подготвен за тој трофеј, но сега раководството треба да размисли дали нешто пропушти кога останаа без Буфон“, рече поранешниот англиски репрезентативец. 

Јуве, и покрај поразот, е првопласиран во групата, со девет бода, а Јунајтед е втор со два бода помалку.