Со Пандев и Џенова избори опстанок во Серија А, а сега седнува на клупата на Торино

Екипата на Торино го промовира Давиде Никола како нов тренер на екипата, по отказот на Марко Џампаоло. По катастрофалниот старт на сезоната, во редовите на „биковите“ мораа да направат промена, па јасно беше дека мора да се започне со тренерска смена. 

Давиде Никола минатата сезона соработуваше со Горан Пандев во Џенова, но доби отказ. Претходно работеше во Удинезе, Бари, Ливорно и нисколигашот Луменаѕе. Торино го промовира Никола како менаџер, откако во минатото беше и играч на екипата. 

Никола ја предводеше Џенова до опстанок минатата сезона, каде заедно со Пандев и останатите играчи во последното коло изборија опстанок во елитното друштво.