Со него тимот ќе биде многу посилен: Осогово се пофали со најголемото засилување!

Екипата на Осогово утрово се пофали со своето најголемо засилување ова лето, и го потврди преминот на поранешниот македонски репрезентативец Ацо Стојков

36-годишниот напаѓач би требало да биде големо освежување за офанзивата на кочанчани, а во тимот доаѓа од редовите на Академија Пандев, каде настапуваше во ланската сезона. Искуството на струмичанецот во тимот на Осогово ќе биде добредојдено и сигурно ќе биде плус во следните мечеви.

Покрај за Академија Пандев, Стојков играше за Вардар, Скендербег, Работнички, Ботосани, Арау, Дебрецен, Партизан, Ла Лувр, Андриа, Интер, Беласица и уште неколку други клубови, како на домашна, така и на меѓународна сцена.

Осогово не ја стартуваше лигата според планот и по три кола има три порази, со само еден постигнат погодок.