ВИДЕО: Со култниот хит „Коло-Јаја Туре“ фудбалерите на Сити го прославија трофејот во ПЛ!

Екипата на Манчестер Сити од вчера и официјално е новиот шампион на Премиер лигата. До овој голем успех „граѓаните“ стигнаа откако нивниот најголем ривал Манчестер Јунајтед беше изненаден на „Олд Трафорд“ и го загуби мечот со „фенерџијата“ ВБА. 

За разлика од Пеп Гвардиола, кој најави дека нема да го следи овој меч, неколку негови фудбалери се собраа во еден паб во Манчестер и го чекаа кикс на големиот ривал. 

Кога Компани, Стоунс, Вокер, Бернардо Силва, Делф и уште неколку фудбалери на Сити го дочекаа киксот на Јунајтед и започна големо славје. Најпрво капитенот одржа краток говор, а потоа сите лудуваа со култниот навивачки хит „Коло-Јаја Туре“.