Со хет-трикот против Норич, Роналдо заработи речиси ЕДЕН МИЛИОН фунти

Кристијано Роналдо со хет-трик ги освои трите бода за Манчестер Јунајтед против Норич (3-2) во рамките на 33. коло во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ се измачија да дојдат до триумф против „фенерџијата“, а најдобар на теренот беше Португалецот. 

Интересно, бидејќи при потписот со Јунајтед прифати пониска плата, Роналдо потпиша договор со разни бонуси. Поради тоа медиумите на „островот“ пишуваат дека португалскиот фудбалер против Норич станал побогат за ЕДНА МИЛИЈАРДА фунти. 

Еден од нив е клаузула вредна 750.000 фунти ако постигне 20 голови во сезоната, а потоа и дополнително по 100.000 за секој постигнат гол. Кога ќе се собере сумата доаѓа до 850.000, а ако се пресмета и платата, како и бонусите за победа, јасно е дека Роналдо сериозно се збогати против последнопласираниот противник. 

Оваа сезона во сите натпреварувања Кристијано одигра 35 натпревари и даде 21 гол за Јунајтед.