• Мартин Танасковски
Украинскиот фудбалски шампионат официјално продолжува. Рестартот е предвиден за 23 август кога топката повторно ќе почне да се тркала во земјата и ќе оди против воениот конфликт кој веќе неколку месеци активно владее меѓу Русија и Украина.
Голем број на играчи веќе ја напуштија земјата, украинските клубови се ослабени, меѓутоа активностите ќе стартуваат на 23 август во Киев, Лвов, Ужарод и веројатно Тернпоил. Распоредот на натпревари уште не е направен, меѓутоа се очекува да остане истиот формат на лигата со 16 екипи.
Десет тимови домашните натпревари ќе ги играат во Киев. На трибините нема да биде дозволена публика. Фудбалот во Украина се врати во месец јули затоа што се играа пријателски дуели во безбедните градови.