„Со една нога сме во следната рунда, но спремни ќе го дочекаме и реваншот“

Ако минатата сезона во квалификационото коло на Конференциската лига, Шкупи го совлада косовскиот претставник Љапи со 2-0, оваа година залихата пред реваншот на „гулабите“ е уште поголема. Имено, момците на Гоце Седлоски го совладаа првакот на Гибралтар, Линколн со 3-0 (2-0) и стекнаа одлична предност пред реваншот.

На средбата со новинарите Седлоски беше задоволен, но сепак претпазлив. 

„Знаев дека против себе имаме добар тим кој минатата сезона играше во групната фаза на Конференциска лига, но јас тоа што го барав од моите фудбалери го исполнија. Честитки за сите мои фудбалери. 

Сепак, ништо не е готово. Ќе се спремаме за реваншот, иако со овој резултат со една нога сме во следната фаза. Треба максимално да се подготвиме и за реваншот. Ако се браниме 95 минути на ништо не сме направиле. Ќе тренираме на вештачка трева оваа недела, имам информации дека теренот е незгоден, голема е влагата таму“, рече Седлоски.

Ако ја завршат работата следната недела на Гибралтар, шампионите на Македонија ќе се изборат за најмалку уште четири европски натпревари и ќе ја наполнат касата на клубот за повеќе од еден милион франци.