Со црни дресови во Вадуц, заради почит кон загинатите во трагедијата

Македонија овој викенд ќе ги започне квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година, а прв ривал ни е аутсајдерот на хартија Лихтенштајн.

Играчите и стручниот штаб се веќе во Вадуц, таму ќе се игра овој стартен меч, кој ќе мине во специфична и тажна атмосфера заради големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 59 лица.

Нема насмевки, нема еуфорија, а затоа што во Македонија се уште ќе биде ден на жалост кога се игра мечот во Вадуц, тимот реши да настапи со црните дресови за да покаже почит кон загинатите во трагедијата.