• Зоран Мишевски
На натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Келн синоќа имаше и немили сцени поради однесувањето на гостинските навивачи, што резултираше со повреда на еден од присутните сниматели. Во 25. коло од германската Бундеслига, синоќа на „Сигнал Идуна парк“, Борусија Дортмунд го победи Келн со 6-1 и барем 24 часа ја зазеде првата позиција на табелата. За Келн ова е еден од најтешките порази во овој век. Во 2003 година загубија со 8-0 од Баерн, што им е најтежок пораз во историјата.
Покрај гостите, овој натпревар како лош спомен ќе го памети и снимателот на Скај Спортс кој се здоби со повреда при пиротехничкото шоу на навивачите на поразениот тим. Како што пренесува германски „Билд“, последиците од факлите на навивачите на гостинскиот тим донесоа повреда на окото на споменатиот снимател. Се запали факел во навивачкиот блок, каде што беа стационирани навивачите на Келн, а повредениот снимател итно беше пренесен во болница.
Лиценцираниот директор на натпреварите на Келн, Томас Кеслер, изјави:
„Во никој случај не треба да се случи некој да се повреди додека ја врши својата работа“.
Ова е веќе втор ваков инцидент за само седум дена. На „Ревиер дерби“, навивачите на Борусија Дортмунд удриле фотограф во грб со факел. За среќа, мина без изгореници и повреди.