Снегот може да одложи неколку натпревари во Премиер лигата

Снегот и ладното време сè уште прават големи проблеми во Велика Британија, а тамошните медиуми откриваат дека можно е одложување на неколку натпревари кои утре треба да се одиграат во рамките од 29. коло.

Со најголеми проблеми се соочува тимот на Вест Хем, кој треба да патува за Велс кај Свонси. Исто така, алармантна е ситуацијата на „Сент Мери“, каде утре треба да се одигра мечот против Стоук. Во Саутемптон снегот сè уште е присутен, па можно е одложување на овие два натпревари. 

Поради лошите временски услови во последната седмица се откажани неколку натпревари во Првата и Втората лига на Англија, како и неколку меча во Шкотска и Велс.