ВИДЕО: „Снајперот“ Барди со два гола во ТОП 10 во Примера!

Енис Барди, фудбалерот на Леванте, доби уште уште едно признание во шпанскиот шампионат, откако со два погодоци учествува во најатрактивните десет гола од слободен удар за изминатата сезона на Примера. 

Македонскиот репрезентативец одигра фантастични партии во дресот на Леванте, а неговите перфекти слободни удари беа наградени со седмо, односно второ место во оваа листа.

На чело е голот на Лионел Меси против Лас Палмас, а место во оваа листа имаше и за Гризман, Мунир Ел Хадади, Вас, Гвардадо и Тимор. 

На ОВОЈ линк можете да ги погледните најатрактивните десет гола од слободен удар во Примера за сезоната 2017/18.