Снајди се, па гледај – како „Чкембарите“ го следеа Пелистер во ПМФЛ?

Пелистер во првиот натпревар од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) славеше над Академија Пандев (1-0), а љубителите на фудбалот во Битола немаа шанса да бидат на трибините, па мораа да се снаоѓаат.

Причина е превентива од ширењето на вирусот ковид-19, па сите мечеви се играат без публика. Во Чаир се гледаше фудбал од згради и високи места, исто беше и во Ѓорче Петров, за Вардар се навиваше од пред стадион...

Во Битола, „Чкембарите“ се снајдоа да го гледаат својот миленик од базенот крај стадионот. Ги искористија високите конструкции да си обезбедат поглед и да ја видат првата победа на „зелените“ на стартот на сезоната.

Пелистер дојде до триумф со погодокот на новајлијата Хот, во раната фаза од натпреварот.