ВИДЕО: Смешната одбрана на Челзи ја чинеше екипата победа на гостувањето кај Свонси

Тибо Куртоа

Фудбалерите на Челзи ан Антонио Конте покажаа голема слабост во одбраната, што ја чинеше екипата три бода против Свонси (2-2). Челзи доминираше, но на крај мораше да спасува бод, што беше и реален резултат.

Диего Коста беше единствената светла точка кај лондонската екипа, постигнувајќи ги двата гола. Најпрво прекрасно пласираше во 18. минута на асистенција на Бранислав Ивановиќ. Потоа пропушти и уште една шанса пред паузата, но Фабијански овој пат беше на висината на задачата.

Вториот дел започна со блага офанзива на домаќините, кои ја искористија тактичката повлеченост на Конте. Во 60. минута, Тибо Куртоа направи голема глупост, соборувајќи го Сигурдсон во својот шеснаесетник, по што исландскиот фудбалер го израмни резултатот со гол од пенал.

Три минути подоцна, катастрофата за Челзи продолжи, откако Гери Кејхил наивно ја загуби топката од страна на Лирој Фер, кој немаше проблеми да погоди и да ја доведе домашната екипа во водство од 2-1. Конечниот резултат го постави одново Диего Коста, со прекрасен гол со „ножички“ за конечни 2-2.