Слутски прозиваше, Рубин експресно им се врати на тренинзите

Минатата недела Руската фудбалска федерација ги прекина сите фудбалски активности во земјата и го сопре шампионатот на Премиер лигата најмалку до десетти април. Рускиот Рубин Казањ е првиот клуб кој по кратката пауза денес се врати на тренинзи.

Тренерот Леонид Слутски прозиваше по ладното време во Казањ, а скоро сите фудбалери се одзваа на повикот. 

Планирано е фудбалерите на Рубин да тренираат секојдневно, но не смеат да играат ни пријателски натпревари во овој период. 

Рубин Казањ се бори за опстанок во Премиер лигата и се наоѓа на 14-тото место со 23 бода.