• Сашо Поповски
Борбата на векот во УФЦ веќе е реалност и ќе се одржи на 6 октомври во Лас Вегас. Најголемата ММА ѕвезда, Конор МекГрегор ќе ги вкрсти ракавиците со Кабиб Нурмагомедов, кој е непоразен во досегашните настапи за американската компанија.
Во пресрет на борбата, сите зборуваат за тактичката подготвеност и фаворитската улога на еден од борците, а еден навивач на Твитер, сподели интересна теорија поврзана со Ирецот.
Според неговите истражувања, МекГрегор ги закажува сите свои борби во викенд кога Селтик се соочува со Сент Џонсон во рамки од шкотската Премиер лига. Така беше случајот со Хозе Алдо, Нејт Дијаз, Флојд Мејведер и оваа година со Кабиб Нурмагомедов.
Фудбалерите на Брендан Роџерс ќе гостуваат на „МекДиармид“ токму на 6 октомври, денот на најголемата борба во УФЦ историјата.
Дали се работи за случајност или пак игра на судбината?