Македонскиот репрезентативец, Агим Ибраими, оваа сезона игра во фантастична форма. Тој за својот клуб, Марибор, во есенскиот дел од сезоната има постигнато осум погодоци, од кои голот против Целје, сигурно е еден од најубавите во словенечкиот шампионат, а истиот тој погодок се најде на 77. место на листата најубави голови за 2015 година во светот.