Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски го одбележа натпреварот во словенечкиот шампионат со вистински ремек-дело, постигнувајќи спектакуларен гол од слободен удар за Олимпија Љубљана.
Фудбалерите на Радомље на најдобар можен начин ја заокружија 2025 година, со триумф против Мура на домашен терен. Ова беше уште една потврда за најуспешната есен во историјата на клубот предводен од македонскиот тренер Југослав Тренчовски – Радомље никогаш досега не собрале толку бодови во првиот дел од сезоната.
Македонскиот фудбалски тренер Југослав Тренчовски, кој сезонава го води словенечкиот прволигаш Радомље, по вторпат е избран за тренер на колото во словенечкиот шампионат.
Црногорскиот тренер Радомир Ѓаловиќ е пред заминување од словенечкиот Марибор поради тепачка во која бил удрен во главата, нешто што било окарактеризирано како огромно непочитување кон него.
Фудбалскиот клуб Радомље објави дека постигна договор со 48-годишниот македонски стручњак Југослав Тренчовски, кој од денес е нов шеф на стручниот штаб на првиот тим.
Словенечкиот прволигаш Олимпија Љубљана ова лето реализираше рекорден трансфер во историјата на клубот, се засили со македонскиот репрезентативец Димитар Митровски.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски го чека бурно лето. Играчот во Вараждин ја имаше најдобрата сезона во кариерата и веројатно ќе има нов клуб. Се споменуваше Динамо Загреб, а странската опција е Словенија.