Словенија „заглави“ во Љубљана поради технички проблем со авионот! 

Делегацијата на фудбалската репрезентација на Словенија веќе требаше да биде пристигната во Скопје, но поради технички проблеми со авионот сè уште е во Љубљана.

Како што пишуваат тамошните медиуми нивните фудбалери се „заглавени“ на аеродромот во Љубљана поради проблем со климатизацијата во авионот, проблем кој мора да биде решен, бидејќи без тоа не може да се лета. 

Последните информации кои доаѓаат од Словенија се дека дефектот не можел да се среди веднаш, па така веќе бил ангажиран нов авион од полска компанија. 

Словенија вечерва треба да го има официајалниот тренинг пред утрешниот меч со Македонија кој се игра на „Тодор Проески“ од 20:45 часот. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0