ВИДЕО: Словенија со пресврт ја урна Норвешка, Косово продолжи да реди порази

Словенија

Норвешка го запиша првиот пораз во Лигата на нации и со пресврт падна на гостувањето кај Словенија (2-1) во рамки од Лига Б. Домашната репрезентација на момент побегна од последното место, во пресрет на вечерашното соочување меѓу Србија и Шведска.

  • Словенија - Норвешка 2-1: 

По кој знае кој пат Ерлинг Халанд беше човекот кој се запиша во листата на стрелци за Норвежаните. Голгетерот се наоѓа во фантастична форма и тоа го покажа и на оваа средба. Словенците пристинаа и израмнија преку Шпорар. Подобриот момент домаќинот го искористи за да направи пресврт, кога Шешко распали од далечина и го постави конечниот резултат на десет минути до крајот од мечот.

Слична ситуација донесе судирот меѓу Северна Ирска и Косово (2-1). Гостите поведоа, но на крај примија два гола и заминаа дома со празни раце. 

  • Северна Ирска - Косово 2-1:

Косовската селекција ја продолжи низата порази. Со тоа си ја искомплицира работата, во пресрет на последното коло, во кое ќе мора да игра сериозно, ако сака да остане на второто место.

Состави

Matjaz Kek

4-4-2