Словенија само еднаш нè победила во меѓусебните дуели

Вечерва во Скопје, македонската и словенечката фудбалска репрезентација ќе се сретнат по шести пат во својата историја. Првиот дуел ќе остане секогаш врежан во нашата историја, бидејќи беше прв историски натпревар по осамостојувањето.

Само еден, оној овогодинешниот од Љубљана, е официјален, а сите други се пријателски. Единствениот наш пораз се случи во март 2016 година во Копер, кога Безјак го постигна единствениот погодок.

Meѓусебни натпревари:
13 октомври 1993 година (пријателски натпревар):
Словенија - Македонија 1-4 (1-2)
Пате 41; Бошковски 4, Панчев 36 (пенал), Јаневски 48 (пенал), Канатларвски 54

22 март 1994 година (пријателски натпревар):
Македонија - Словенија 2-0 (2-0)
Серафимовски 3, Бошковски 20

14 ноември 2012 година (пријателски натпревар):
Македонија - Словенија 3-2 (2-0)
Тавсевски 27, Јаховиќ 41, Ибраими 51; Речник 48, 63

23 март 2016 година (пријателски натпревар):
Словенија - Македонија 1-0 (0-0)
Безјак 58

24 март 2019 година (квалификации за ЕП 2020):
Словенија - Македонија 1-1 (1-0)
Зајч 34; Барди 47

Вечерва од 20:45 часот се предвидуваат околу 20.000 гледачи на „Тодор Проески“ во Скопје. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0