Словенците пристигнаа во Скопје, но долго го чекаа багажот: Лутиот Кек им наредил...

Матјеж Кек и словенечката фудбалска делегација нема по добро да го паметат денешното патување од Љубљана за Скопје. Најпрво, поради технички проблеми со авионот, нивниот лет доцнеше скоро два часа, а проблемите не застанаа ниту по слетувањето на македонскиот аеродром. 

Како што пишуваат словенечките медиуми, овој пат проблем бил багажот, кој долго време го чекаа да го земат. Трпението на селекторот Кек веќе било при крај, па тој им наредил на фудбалерите со „празен“ автобус да се упатат за Скопје. 

На аеродромот останаа неколку членови на стручниот штаб, кои по извесен период го подигнале багажот и потоа се приклучиле кон остатокот на репрезентацијата. 

Словенија вечерва ќе го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Македонија кој се игра во рамки од седмото коло на евро-квалификациите.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 8 6 1 1 13:2 11 19
2 АвстријаАвстрија 8 5 1 2 17:7 10 16
3 МакедонијаМакедонија 8 3 2 3 10:11 -1 11
4 СловенијаСловенија 8 3 2 3 13:8 5 11
5 ИзраелИзраел 7 2 2 3 12:14 -2 8
6 ЛетонијаЛетонија 7 0 0 7 1:24 -23 0