ВИДЕО: Словенците по 24 години на ЕП, европско место и за Чесите

Репрезентацијата на Словенија во директниот дуел за пласман на Европското првенство славеше над Казахстан со 2-1 и го сруши сонот на гостинската селекција за прво, историско учество на големите натпреварувања. 

Словенците дојдоа до водство во првото полувреме преку Бенџамин Шешко, но Казахстан се врати во игра и внесе голема драма во вториот дел. Оразов донесе израмнување за својата селекција и ја крена мотивацијата кај соиграчите, но потоа дојде до израз искуството на Словенија, по што Вербиќ стави точка на важниот триумф за „змајчеки“ и ги постави конечните 2-1 во 86. минута од натпреварот. 

Чешка исто така играше клучен дуел за „виза“ на континенталниот собир и успеа да ја совлада селекцијата на Молдавија со 3-0. Чесите со многу проблеми влегоа во овој меч, особено со скандалот што претходеше во текот на вчерашниот ден, но сепак, успеаја да стигнат до триумф со кој патуваат во Германија следното лето. Стрелци за чешката селекција беа Дудера, Хори и Соучек. 

Молдавија имаше голема шанса со евентуален триумф да дојде до историски настап на Европско првенство, но поранешната советска република ќе мора да ја чека својата шанса во иднина. 

На останатите квалификациски натпревари, Финска ја оправда фаворитската улога и славеше со 1-2 на гостувањето кај Сан МариноСеверна Ирска ја изненади Данска и победи со конечни 2-0, додека Албанија ремизираше (0-0) против Фарските Острови во меч кој беше без резултатско значење. 

Состави

Matjaz Kek

4-4-2

    Magomed Adiev

    5-4-1