Словенија без селекторот Кек против Норвешка и Србија

Селекторот на словенечката фудбалска репрезентација, Матјаж Кек, е позитивен на коронавирус и нема да ја води селекцијата на гостувањето кај Норвешка во Лигата на нации, а речиси сигурно не и против Србија, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија.

Наместо него, на чело на селекцијата ќе биде помошникот и поранешен капитен на репрезентацијата, Боштјан Цезар.

Словенија е дел од групата 4 од Б дивизијата од Лигата на нации, во групата со селекциите на Србија, Норвешка и Шведска. Избраниците на Матијаж Кек тргнаа лошо во новата сезона, затоа што запишаа убедливи порази од Шведска и Србија.

Натпреварот меѓу Норвешка и Словенија се игра в четврток во Осло од 20:45 часот, додека на 12 јуни Словенија ѝ гостува на Србија.