Фудбалерите на Радомље на најдобар можен начин ја заокружија 2025 година, со триумф против Мура на домашен терен. Ова беше уште една потврда за најуспешната есен во историјата на клубот предводен од македонскиот тренер Југослав Тренчовски – Радомље никогаш досега не собрале толку бодови во првиот дел од сезоната.