• Саше Љолес
Словенечкиот репрезентативец, Вања Дркушиќ, официјално е нов играч на рускиот клуб Зенит Санкт-Петербург. Тој добива договор до 2029 година, според кој ќе заработува 1,5 милиони евра годишно.
Дркушиќ имаше одличен настап на неодамна завршеното Европско првенство, се поврзуваше со премин во Црвена Звезда, Динамо Загреб и Базел, но сепак останува на печалба во славниот руски клуб, каде се очекува да биде големо засилување за одбраната.
Стоперот дебитираше за Словенија минатата година и досега запиша единаесет настапи за „змајчеки“, а во кариерата претходно беше дел од Херенвен, Ренде, Браво и Сочи. Зенит за неговиот трансфер исплати сума од 4,5 милиони евра.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.