Словенецот Дамир Скомина ќе ја дели правдата на финалето во ЛШ!

Дамир Скомина

Европската фудбалска федерација (УЕФА) откри кој ќе биде главен судиа на овогодишното финале во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Се работи за словенечкиот арбитар Дамир Скомина кој ќе застане на центарот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 1 јуни.

Реномираниот 42-годишен судија на своето резиме ќе го додаде финалниот меч во Лигата на шампионите, откако претходно беше дел од финалето во Лига Европа меѓу Ајакс и Манчестер Јунајтед и Суперкупот на Европа меѓу Челзи и Атлетико Мадрид.

Помошници ќе му бидат неговите сонародници Јуре Прапротник и Роберт Вукан.

Во текот на оваа сезона, Скомина судел на четири меча во Лигата на шампионите и два во Лига Европа.