• Редакција Gol.mk
Струга Трим Љум се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите, откако во првиот дел прими два гола и Слован има огромни 6-2 на 45 минути до крајот на двомечот.
Во деветтата минута Стрелец освои една ничија топка, можеби и со прекршок, додаде до ветеранот Вајс, а овој нанижа неколку дефанзивци на Струга Трим Љум и со удар по земја го матира Дујмовиќ (0-1).
- Голот на Вајс против Струга Трим Љум:
Слован ја зголеми предноста во 34. минута. Корпулентниот Стрелец им побегна на дефанзивците, повратникот од Кипар, Кире Ристевски, во обид да расчисти, го лобуваше својот голман Дујмовиќ и Слован зголеми на 0-2.
- Автоголот на Ристевски против Слован:
Ако биде елиминирана од Лигата на шампионите, Струга Трим Љум ќе се префрли во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.