ВИДЕО: Словакот Греиф херој, Мајорка по пенали до финалето на Купот на Кралот!

Екипата на Мајорка е првиот финалист на 122. издание на Купот на Кралот. Тимот на Хавиер Агире по изведување на пенали го совладад Реал Сосиедад со 4-5 (1-1 во регуларниот тек и по продоженијата). Реал Сосиедад и по три децении остана без победа по изведување на пенали, а најстрога казна промаши и во регулатниот тек. 

  • Извештај од натпреварот:

Првите 45 минути понудија тврда игра на средината на теренот, но двете екипи имаа по две солидни шанси, а најголемото возбудување дојде во 45. минута, кога Браис Мендез промаши пенал за домашниот тим. На паузата останаа почетните 0-0, но во вторите 45 минути играта понуди сосема поинаква „приказна“. 

Мајорка ги замолкна домашните навивачи по само пет минути игра во вториот дел, кога Уругваецот Гонзалез Апуд донесе водство за гостите, но домашниот тим не се предаваше и успеа да дојде до израмнување во 71. минута преку Микел Ојарзабал. Имаше Сосиедад уште една шанса за комплетен пресврт, но во регуларното време резултатот остана 1-1 и мечот мораше да замине во продолженија. 

Баскијците почнаа агресивно и во продолженијата и во 95. минута двапати Мајорка ја вадеше топката од гол-линијата. Двете екипи имаа полушанси до крајот на екстра-времето, но резултатот не се менуваше и решаваа пеналите. Словачкиот голман Доминик Грeиф во првата серија го одбрани пеналот на Ојарзабал и на Мајорка и донесе финале на Купот на Крапот по четврти пат во својата историја (1-1, 4-5).

В четврток се игра второто полуфинале меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. На првиот натпревар слаеа Баскијците среде Мадрид со 0-1. 

Состави

Imanol Alguacil

4-4-2

    Javier Aguirre

    5-3-2