Словаци на Шкендија – Карабах, големо име на центарот во Баку!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите меѓу Шкендија и Карабах кои во Македонија и Азербејџан ќе се играат во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Првиот дуел е на 5 август во Скопје. Мечот започнува од 20:00 часот, а главен судија е Иван Кружилак од Словачка, на кого ќе му помагаат Јан Позор и Бранислав Ханчко. На овој дуел во ВАР-собата се исто така судии од Словачка, Михал Оченаш и Борис Мархефка.

Реваншот се игра на 12 август во Баку, а на центарот е големо име - Дани Макели од Холандија. Се работи за судија кој суди во најдобрата лига на Холандија, а зад себе има натпревари во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Лигата на нациите, Светското и Европското првенство...

Најголемиот меч кој го судел Макели во кариерата е финалето во Лига Европа меѓу Севиља и Интер во 2020 година. Асистенти на Холанѓанецот се Хестел Стегстра и Јан де Врис, а во ВАР-собата се Денис Хилгер и Ричард Мартенс. Четврти судија е Марк Нагтенал.

ФОТО: ©RFEF