• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и официјално останува во редовите на Словачко, откако чешкиот прволигаш постигна договор со Сигма Оломоуц за негов целосен трансфер.
По успешната пролетна полусезона, раководството на Словачко одлучи да го задржи искусниот играч за врска, кој потпиша двегодишен договор со важност до летото 2028 година.
Триесетгодишниот Костадинов во Словачко пристигна како позајмен фудбалер од Сигма Оломоуц во текот на пролетниот дел од минатата сезона. Во дресот на клубот настапи на 13 првенствени натпревари, при што постигна еден гол и запиша три асистенции во успешниот финиш на сезоната.
По анализата на неговите настапи, челниците на Словачко решија да започнат преговори со Сигма Оломоуц, а двете страни на крајот постигнаа договор за постојан трансфер на македонскиот репрезентативец.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

