Милан Ристовски претходниот месец по долга пауза се врати на фудбалските терени, заигра за Спартак Трнава каде што е позајмен од редовите на Ријека. Викендов, младиот напаѓач го постигна и својот прв погодок во новиот тим и тоа не било кога, туку во 93. минута за победа од 3-2 против Стреда.