Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски, кој настапува за екипата на Спартак Трнава, вчера вторпат во низа триумфираше во Купот на Словачка, откако по продолженија славеше против гигантот Слован Братислава со 3-1.
Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски беше херој на Спартак Трнава во осминафиналното гостување кај Кошице во Купот на Словачка. Неговиот тим победи со 1-2, а токму Ристовски беше стрелец на одлучувачкиот погодок во завршницата.