Слот за Салах: Секој прави грешки, но дали играчот знае дека направил грешка?

Иако Ливерпул оствари исклучително важна победа во Лигата на шампионите против Интер, по натпреварот во Милано, англиските медиуми сепак беа повеќе заинтересирани за ситуацијата околу Мохамед Салах и Арне Слот.

„Треба да разговараме за тоа што направивме тука вечерва, но целосно разбирам дека во петок, на прес-конференцијата (пред натпреварот со Брајтон во сабота), сите прашања ќе бидат за Мо“, рече холандскиот тренер.

Слот продолжи да зборува за Салах, навраќајќи се на разочарувачкиот резултат на Ливерпул со Лидс (3-3). „Црвените“ водеа со 2-0 и 3-2 во тој натпревар, но примија гол во 96. минута и освоија само еден бод.

„Беше навистина тешко за играчите, примија гол во последен момент. Беше навистина тешко да се прифати. Само по себе беше емотивно. Секако, тоа влијае и на играчите бидејќи тој (Салах) беше толку влијателен за клубот и играчите, па никогаш не е убаво кога нешто им се случува на вашите соиграчи“, додаде слот.

Холанѓанецот се обиде да ја разбере реакцијата на Салах.

„Секој прави грешки во животот, но дали играчот знае дека направил грешка? Дали иницијативата треба да дојде од него или од мене? Тоа е друго прашање. Земете го, на пример, Конате. Тој имаше неколку тешки моменти неодамна, но одигра извонреден натпревар против Интер“, заврши Слот.

Следен натпревар на Ливерпул е против Брајтон на „Енфилд Роуд“, а дали ќе биде Сахал во ростерот за тој дуел ќе се дознае во петок.